Испечати

Тестенини со брокула и карфиол

Тестенини со брокула и карфиол

Состојки

  • 250 гр кратки тестенини
  • 400 гр брокула
  • 200 гр карфиол
  • 250 гр рикота или урда
  • 2 - 3 чешниња лук
  • по потреба маслиново масло
  • по потреба сол и бибер
  • За прелив
  • 3 јајца
  • по потреба пармезан
  • по потреба путер и лебни трошки за тавата за печење

Подготовка

Брокулата и карфиолот искинете ги на помали парчиња и ставете ги да се варат во посолена вода некои 5-6 минути. Потоа исцедете ги и оставете ги на страна.
Тестенините сварете ги во посолена вода за време означена на паковањето. Потоа исцедете ги.
Во тава со 5-6 лажици маслиново масло пропржете го лукчето многу малку, колку да пушти мирис. Додајте ги брокулата и карфиолот и измешајте ги. Тавата тргнете ја од огнот и додајте ги тестенините и рикотата или урдата. Додајте сол и бибер по вкус и змешајте.
Рерната вклучете ја да се загрее на 200 степени.
Помало плехче намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Смесата од тестенини турете ја во плехчето и порамнете ја.
Јајцата изматете ги со вилушка со малку сол и прелијте ги над тестенините. Одозгора попрскајте ги со масло.
Ставете ги да се запечат 15-20 минути.
Послужете ги топли посипани со пармезан.