Видео рецепт: Бафало пилешки сендвич
Состојки
- леб по избор
- 20 гр. путер
- обезкостен батак
- сол, бибер и малку брашно
- црвена зелка
- 1 домат
- 1 кромид
- 1 чешне лук
- малку рукола
- 300 гр. ементалер
- За СОС ќе ви треба:
- 50 гр. мајонез
- 1 лажица павлака
- половина лажичка кари
- малку копар
- сок од половина лимон
Фичо ќе подготви пилешки сендвич од соништата. Тоа се оние сендвичи за кои сонувате кога сте гладни.
Подготовка
Чекор 1: Во тава растопете го путерот. Лебот исечете го на половина за сендвич. Во путерот додадете искршени чешниња лук. Кога путерот ќе почне да менува боја врз него ставете ги лепчињата да ја впијат маснотијата.
Чекор 2: Месото посолете го, наросете бибер и наросете малку брашно од двете стани. Во тавата во која што го приготвивте лепчето, додадете путер и оставете го месото да се пржи.
Чекор 3: Додека месото се пржи пригответе ги останатите состојки за сендвичот. Зелката исечете ја најтенко што можете. Доматот и кромидот исто така исечете ги на тенки парчиња. Во Нутрибулетот ставете една главица кромид и едно чешне лук и убаво испасирајте ги. Процедете ги преку сито и сокот додадете го во сосот со мајонез.
Чекор 4: За сосот измешајте го мајонезот и павлаката, додадете го сокот од испасираните кромид и лук, додадете ги останатите зачини убаво да се соедини смесата.
Чекор 5: Лепчето вратете го малку во тавата каде што се пржеше месото да ги впие соковите од месото. На лепчето премачкајте од сосот, ставете рукола, домат, месото, парчиња кашкавал, кромид, повторно сос врз кромидот, рукола и сендвичот е готов.
Чекор 6: Сервирајте!
СОВЕТ: И не заборавај! На сите ни е потребна идеја во кујната... Затоа, доколку ти се допаѓа овој рецепт, биди вистински пријател и сподели!