Испечати

Сочна лазања со домашни кори

Сочна лазања со домашни кори

Состојки

  • Тесто
  • 6 јајца
  • 750 гр брашно тип 500
  • 50 мл маслиново масло
  • 2 лажичиња сол
  • Болоњезе сос
  • 500 гр мешано мелено месо
  • мала главица кромид
  • 250 мл бело вино
  • 2 конзерви цели домати
  • 500 гр свежи печурки
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици оригано
  • По вкус сол
  • Половина лажичка зелен и црн бибер мелен
  • Бешамел сос
  • 3 лажици брашно
  • 3 лажици маслиново масло
  • 1 литар литар млеко
  • 500 гр кашкавал рендан за помеѓу корите

Подготовка

Постојат многу начини на подготовка на Лазањи кои сите меѓу себе на некој начин се слични, но сепак различни. Сум пробала повеќе рецепти за ова традиционално италијанско јадење, но овој рецепт ми е еден од омилените. Лазањата подготвени на овој начин е по мој вкус многу сочна, комбинацијата на состојки одлична, а домашно направените кори се незаменливи.

Тесто
1.Од сите наведени состојки се замесува тесто. Тестото треба да се меси подолго време и треба да биде потврдо
2. Се остава да одмори 15 минути
3. Се дели на делови колу што ви требаат кори во зависност од големината на тавата.
4. Секој дел се поминува низ машина за кори најпрво на програма 3, а потоа на програма 6 оваа дебелина е најдобра
5. Се редат корите на чаршав и се оставаа 2 часа да се исушат, но не премногу бидејќи ќе се деформираат
Во меѓувреме додека се сушат корите се подготвуваат сосовите

Болоњезе сос
1. Во длабоко тенџере се става маслиновото масло и се запржува кромидот
2. Се додава меленото месо и се пржи
3. Се прелева со виното и доматите и се остава да вари околу 15 минути , за да се намали течноста, но не целосто треба да биде сочно
4. Се додаваат печурките исецкани и наведените зачини
5. Се динста уште 10 мин

Бешамел сос
1. Брашното се пржи на маслиново масло
2. Постепено се додава млекото, но со постојано мешање со жица за да не се создадат грутчиња
3. Се додава сол
4. Да врие додека не згусни ( густина како на дополнителните фотографии)

1. Тавата најпрво се премачкува подеднакво со бешамел сос,
2. Ред ред кори,
3. Се става еден слој од болоњезе сос
4. Бешамел сос
5. Над бешамелот се поросува рендан кашкавал подеднакво низ целата површина
6. Постапката се повторува се додека не се потрошат корите може 3 реда или 4 реда во зависност од големината на тавата
7. Се завршува со ред кори, бешамел и рендан кашкавал
8. Се покрива со фолија и се печи околу 40 минути на 220 степени и уште 15 мин без фолија да потпечи
Забелешка
Тавата во која ја правам Лазњата е голема колку рерната и наведената количина на состојки е точно доволна, ако сакате да ја правите во помала тава начинот на подготовка е ист само што треба да се намалат количините на состојките.