Гнезда од тестенини
Состојки
- 250 гр. шпагети
- 1 главица кромид
- 10 свежи печурки
- 200 гр зеленчук-златна мешавина
- 1 чешне лук
- 100 мл. доматно пире
- 200 гр кашкавал
Подготовка
Шпагетите се варат и се процедуваат.
Во тава на оган се пропржува помала главица кромид, се додава чешнето лук, потоа печурките исечени на листови, златната мешавина и доматното пире. Сето тоа убаво се пропржува, се зачинува со сол, бибер, зачинал и оригано и се трга од огнот. Калапите за гнездата се премачкуваат со зејтин. Се полнат со тестенината од доле и од страните, во средината се редат тенки листови кашкавал а врз нив се става зеленчукот. Се ставаат во тава и се печат во рерна околу 15 мин. Кога се готови гнездата од тестенини врз нив се ставаат тенки парчиња кашкавал да се растопат. Се оставаат да се изладат, се вадат од калапите и се сервираат.
Добар апетит !