Испечати

Освежителен прелив за салати

Освежителен прелив за салати

Состојки

  • 6 лажици кравјо кисело млеко
  • 1 лажица сенф
  • 1 лажичка мајонез
  • 100 мл јогурт
  • 1 лажичка кари
  • 1 лажичка босилек
  • 1 лажичка лук во прав
  • 3 лажички маџун
  • 1 мандарина (сок)
  • 1/2 лимон (сок)

Подготовка

Кај нас дома салатите се многу застапени, а често заменуваат и цел оброк.
Ова е еден многу лесен прелив кој дава посебна свежина на секоја салата.

Во поголем сад најпрвин се мешаат киселото млеко, сенфот и мајонезот и откако ќе се соединат се додаваат останатите состојки. Се меша се заедно додека состојките не се соединат.

* Прилагодете ја количината на состојките според вас бидејќи од оваа количина се добива прелив за околу 6-7 порции салати.

* Јас често подготвувам поголема количина од преливот и ја чувам во тегличка во фрижидер.

* Овој прелив го ставам во обична салата од марула, спанаќ, зелка или краставици но и во оние пообемни салати со повеќе состојки и можам да ви кажам дека совршено се вколопува во секоја од нив.