Испечати

Овесни сконси со брусница, јаболко и цимет (Skones)

Овесни сконси со брусница, јаболко и цимет (Skones)

Состојки

  • 250 гр бело брашно
  • 75 гр овесни снегулки
  • 75 гр кафеав шеќер
  • 1 лажичка пециво
  • 1/2 лажичка сода бикарбона
  • прстофат сол
  • 1 лажичка мелен цимет
  • 90 гр путер
  • 50 гр сушена брусница
  • 1 јаболко
  • 100 мл млеко
  • За посип
  • малку кафеав шеќер
  • малку овесни снегулки
  • малку млеко

Подготовка

Идеални за појадок со чаша млеко, а за нивна подготовка не ви се потребни повеќе од 30 минути вклучувајќи го и времето за печење. Пробајте ги , прекрасно мирисаат.

Подготовка
1. Сите суви состојки се ставаат во сад и се мешаат. Потоа го додаваме ладниот путер исечкан на мали коцки и го втрлуваме во сувите состојки за да добиеме трошкасто тесто.
2. Јаболкото го лупиме и го рендаме во смесата, па го додаваме и млекото.
3. Ги соединуваме сите состојки и создаваме една топка од тесто која не ја месиме многу, само ја формираме.
4. На набрашнета површина расукуваме кора со дебелина од 1 см и вадиме форми со калапчиња. Ги редиме во подмачкан плех .
5. Врз нив премачкуваме малку млеко, со силиконска четка, па наросуваме овесни снегулки и кафеав шеќер.
6. Ги печеме во загреана рерна на 180 степени околу 15 минути со вклучен вентилатор додека да им потемнат краевите. По вкус треба да бидат крцкави од надвор а вкусни и меки од внатре.

Забелешка
Јаболкото ми беше малку поголемо од средна големина, па ми требаше малку повеќе брашно зошто беше сочно и се доби многу влажна структура, така да мене за оваа смеса ми требаа околу 300 гр брашно. Брусницата може да ја ставите и цела ама попрактично е да се исечка, кај мене во овој рецепт ја сечкав.
Ако немате калап едноставно направете топка од тесто расплескајте ја и пресечете ја на 8 парчиња па така печете ја во рерна.