Медени уштипци (посно)
Состојки
- 350 мл вода на собна температура
- 2 лажици мед
- 300 гр брашно
- 1 сув сув квасец (10 гр)
- 2 лажици пченкарно брашно
- прстофат сол
- масло за пржење
- За посип
- шеќер во прав
Подготовка
Подготовка
Сите состојки ги ставаме во еден сад и ги промешуваме интензивно со лажица или вилушка, а може и со миксер. Смесата ја оставаме околу 30 минути. Готова е кога ќе се појават меурчиња на површината, а тестото е налик на тесто за мекици дури и потечно.
Го загреваме маслото, кое треба да биде со висина во која нема да го допираат дното уштипците кога ќе се пржат. Смесата ја промешуваме и со помош на две лажици ги ставаме да се пржат. Со едната црпеме од смесата, а со другата си помагаме да падне тестото во врелото масло.
Ги пржиме додека да добијат златно жолта боја или околу 2 минути од едната и 2 минути од другата страна. Ги вадиме со решетка-лажица од маслото и ги ставаме на хартиена салфетка за да го впие вишокот на масло. Ги служиме со мед, со шеќер во прав, а одлични се и со топка сладолед.
Забелешка
За пржење на уштипциве користев комбинација од две масла, палмово и сончогледово.