Гратинирани компири со кромид
Состојки
- 800-900гр. компири (или по потреба)
- 4 поголеми главици кромид
- 2 чешниња лук
- 200мл. неутрална павлака
- 1 лажичка сенф од цели зрна
- по вкус сол и бибер
- зачини пушен црвен пипер, каен пипер, мајчина душичка, оригано
- 200гр. гауда (или кашкавал по избор)
Подготовка
Компири на 101 начин. Со оглед на тоа колку често се застапени компирите во секојдневната исхрана мора да внесуваме новини во нивната подготовка. Па еве и од мене еден начин за спремање.
1. Количината на компири прилагодете ја според потребите и членовите на семејството. Излупените компири ставете ги во сад на оган да се подварат 15тина мин. (не треба целосно да се сварат). Потоа оставете малку да изладат.
2. Во друг сад ставете го ситно сецканиот кромид да се пржи на средно тивок оган. Зачинете со сол и бибер и продлжете со пржење додека кромидот не омекне убаво. Јас често додавам и прстофат шеќер за малку да карамелизира. Додадете го и ситно сецканото лукче и пропржете уште малку. Тргнете од оган, додадете го сенфот и зачините (освен црвениот пипер и каен-от) и промешајте убаво.
3. Компирите исечете ги на кругови (0,6-0,7цм). Садот во кој ќе печете премачкајте го со малку путер или масло. Наредете еден ред компири, минимално нека се преклопуваат. Зачинете со малку сол и бибер и нанесете половина од павлаката. Врз павлаката зачинете со црвениот пипер и каенот и ставете половина од испржениот кромид. Наредете уште еден ред компири, повторно павлака и зачини и остатокот од кромидот. Завршете со ред компири, павлака, зачини и рендан или на ленти исечен кашкавал.
Ставете да се пече во загреана рерна на 220С околу 35-40 мин. Доколку има потреба за да не загори кашкавалот покријте со алу фолија.
Оставете малку да се излади па послужете.
Добар апетит =)