Испечати

Чадено пилешко месо

Чадено пилешко месо

Состојки

  • 1.2 кг пилешки стек и батаци
  • 1 лажичка сол
  • по желба мелен бибер
  • по желба мешан зачин
  • 60 мл маслиново масло (или по потреба)
  • За чадење
  • 1 чаша ориз
  • 1 чаша шеќер
  • 2 гранчиња рузмарин
  • 2 гранчиња планински чај
  • по желба сушени цветови од мајчина душица

Подготовка

Веќе имам поставено рецепт за брз начин на чадење месо на бука и истиот можете да го видите на следниот линк

Ова е уште едн брз начин за чадење месо во домашни услови, кој сопругот го пронашол на интернет. Месото подготвено на ваков начин е неспоредливо повкусно од било кој друг начин на подготовка, а разликата од претходниот рецепт е тоа што овде месото ги добива вкусовите и мирисот од зачините и чаевите.

1. Пилешкото месо се премачкува со маслиново масло и се зачинува.

2. Се зема поголемо тавче и се обложува целосно со алуминиумска фолија.

3. Во тавчето се ставаат 1 чаша ориз и 1 чаша шеќер и убаво се промешуваат и се распоредуваат рамномерно по дното на тавчето. Врз нив се ставаат гранчињата рузмарин, планински чај и мајчина душица.

4. Врз тавчето се става решетка за печење на којашто се распоредува месото и се заедно се покрива со неколку слоеви фолија.

5. Тавчето се става на оган а постапката на чадење на месото започнува по неколку минути.

6. Пилешкото месо се чади 40-50 минути.

* Ние месото го чадиме во двор или на тераса и мој совет доколку сакате да го пробате овој начин на подготовка е истиот да го правите на отворено бидејќи има многу чад и силен мирис.

* Зачините и чаевите нека бидат по ваш избор доколку не ви се допаѓа некој од оние коишто ние ги употребивме.

* За чадење месо ние употребуваме постара тава, бидејќи иако е обложена со алуминиумска фолија од силниот чад може да ја смени бојата или да се оштети.