Колачи со ѓумбир (од Австриската кујна)
Состојки
- 1 јајца
- 40 гр свеж ѓумбир
- 150гр путер
- 140 гр шеќер во прав
- 200 гр брашно
- 50 гр чоколадо 70-80 % какао
- 50 гр сецкани на јадро оревите
Подготовка
Еден рецепт од Австриската кујна.
( Благодарам Тимче )
Ѓумбирот го лупиме и рендаме.
Додаваме јадро кршено чоколадо, а потоа сите останати состојки.
Јајцата, путерот, оревите, шеќерот во прав и брашното.
Замесете убаво тесто од кое со лажиче земаш и ставаш на хартија за печење, на растојание од 2 до 3 сантиметри.
Се пуштаат во печењето.
Сепечат 10 до 15 минути зависи од рерната на 180 степени.
Нека не потемнуваат многу. Излегуваат околу 50 парченца.
Трајни се, стојат долго...соберете во лимена кутија.
На здравје