Испечати

Парена баница со афион

Парена баница со афион

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 1/2 парче квасец
  • 1 лажиче сол
  • 150 мл зејтин
  • 100 гр афион
  • 200мл вода + 1 лажиче сол

Подготовка

Се замесува тесто од млака вода брашно, сол и квасец.
Се меси убаво да стане меко тесто.
Се дели на 5 топчиња и од секое топче се сука кора.
Секоја кора се реди на чаршав да се потсуши.
Откако се полусуви корите се редат во тркалезна тава .
Тавата подмачкајте ја со масло.
Се става првата кора, се попрскува маслои афион,се реди втората кора и се така со секоја кора.
Врз последната кора пресечете ленти ,но не до крајот на кората.
Ете на сликата ќе видите како е.
Се пече 30 минути на 180 степени.
200 мл вода и 1 лажиче мало сол се зовриваат.
Се вади кората од рерна и се попарува со водата насекаде.
Се остава уште 5 минути во рерна да се впие водата во кората.
Се сервира топла.
На здравје