Брз џем од дуњи и јаболка со суво овошје и ореви
Состојки
- 1 кг дуњи
- 1 кг јаболка
- 150 гр суво овошје
- 200-300 гр крупно сецкани ореви
- 1,5 кг шеќер
Подготовка
Брзо и лесно, а вкусно :) Смисли сам рецепт, оние моите омилени :) Имаш се, смислуваш како да го споиш и го правиш тоа успешно. Поголемо задоволство нема.
Дуњите измијте ги, не ги лупете. Одстранете ги семките и изрендајте ги на ситната страна од рендето или испасирајте го во блендер. Јаболките исто изрендајте ги од како ќе ги одстраните семките.
Ставете ги во тенџере да се варат. Мешајте повремено. Кога ќе испари течноста што ја пуштиле, додадете го шеќерот.
Варете го џемот додека не се згусна убаво, да останува трага кога ќе мешате.
Сувото овошје ситно исецкајте го и додадете го во џемот. Додадете ги и оревите и промешајте.
Јас ставив брусница, суви сливи и суво грозје. Изумив да ставам аранчини. Ќе дадеа убав шмек.
Ставете во тегли и затворете. Можете да го ставате и ладен и топол. Доколку е топол, оставете го во загреана рерна на 50 степени да се лади полека, да се вакумираат капаците.
Пријатно јадење.