Колач со кафе и чоколадо за вљубените
Состојки
- 150 гр чоколадо ( 75 % какао)
- тесто
- 4 јајца
- 180 гр шеќер
- 250 гр брашно
- 250 гр масло
- 200 мл варено кафе со млеко
- 25 гр какао
- 1 пакетче пециво
- фил
- 500 мл млеко
- 100 гр шеќер
- 3 лажици густин
- 1 лажица какао
Подготовка
На сите вљубени им го честитам празник :)
1. Јајцата ги матиме со миксер заедно со шеќерот, потоа го додаваме маслото, вареното кафе, пецивото, брашното и какаото и мешаме со жица додека смесата не се соедини.
2. Тава бр. 36 ја намрсуваме со путер и ја набрашнуваме, потоа ја нанесуваме половината од смесата за тестото. Ја печеме во загреана рерна на 200 степени околу 10 минути и ја вадиме.
3. Фил. Сите состојките за фил ги промешуваме и го додаваме 100 гр чоколада искршена на парчиња. Непрекинато мешаме со жица. Откога филот ќе ја добие потребната густина го тргаме на страна.
4. Подизладениот фил го нанесуваме врз испечениот пандишпан и прекриваме со преостаната смеса и печеме уште 15 минути на 180 степени.
5. Подизладениот колач за вљубените ги сечеме во форма на срциња :) - Нели имаме убав празник!?‘))) На ситна страна од рендете врз колачите рендаме од преостанато чоколадо)
Сочен и вкусен колач препорачувам на сите :)