Испечати

Ѕвездички со кукрума и рузмарин

Ѕвездички со кукрума и рузмарин

Состојки

  • 400 гр брашно
  • 200 гр путер
  • 1 јајце
  • половина лажиче пециво
  • 1 лажичка сол
  • 2 лажици кукркума
  • 1 лажица ситно сецкан свеж рузмарин
  • 1 лажица кисела павлака
  • 1 јајце за премачкување на ѕвездичките

Подготовка

1. Во сад се става брашното и во него ситно се сецка путерот
2. Се додава солта, пецивото, рузмаринот и киселата павлака
3. Во помал сад се разматува јајцето со вилушка и во него се додава куркумата за да се раствори
4. Јајцето се додава во брашното и се замесува тесто
5. Тестото се остава да одстои 30 минути во фрижидер прекриено со најлонска фолија
6. Се развлекува кора со дебелина оклу 1 см
7. Со модла се сечат ѕвездички, но може и друга форма
8. Се редат на плех на хартија за печење
9. Се печат во рерна 15 минути на 220 степени
Ако сакате поздрава варијанта белото брашно заменете го со интегрално и така се многу вкусни.
.