Испечати

Чоколаден колач со круши

Чоколаден колач со круши

Состојки

  • за тестото
  • 5 јајца
  • 200гр. брашно
  • 1 пециво
  • 200гр. чоколадо
  • 1 кесичка пудинг од чоколадо
  • 150гр. шеќер во прав
  • 200гр. путер
  • за подготовка на сирупот
  • 1/2 литар вода
  • 50гр. шеќер
  • 1 ванила
  • за прелив на колачот
  • 100гр. чоколадо
  • 5-6 круши

Подготовка

Најпрво ги миеме крушите, ги лупиме и внимателно ги чистиме од семките внимавајќи да не ги скршиме.

Во сад на оган ја турваме водата заедно со шеќерот и ванилата и кога ќе се стопи шеќерот ги ставаме крушите и ги вариме околу 10 минути.

Потоа ги вадиме и ги оставаме да се цедат.

Во меѓувреме го правиме тестото.

Путерот пенесто го матиме заедно со шеќерот и кога ќе се избијат ги додаваме јајцата едно по едно постојано матејќи.

Го додаваме пудингот во прав и чоколадото (претходно растопено) и биеме уште 5 минути и го исклучуваме миксерот. На крај го додаваме брашното заедно со пецивото и промешуваме со дрвена лажица за да се соединат сите состојки.
Во долг калап претходно намрсен го истураме цело тесто и ги редиме крушите (бројот на круши можи да варира во зависност од тоа колкави се по големина).

Колачот го печеме на 180 степени околу 40 минути. Со помош на чепкалка ќе видите кога е готов.

Кога ќе се испечи и малку излади го преливаме со растопено чоколадо.