Испечати

Мали залачиња од тост леб, кашкавал и маслинки

Мали залачиња од тост леб, кашкавал и маслинки

Состојки

  • 5 парчиња тост леб
  • 1 паштета
  • 5 парчиња тост кашкавал
  • 20-25 маслинки со пиперче

Подготовка

Брза, интересна закуска, погодна за декорации.
На парчињата леб исечете им ја корката и поминете ги со сукало.
Намачкајте ги со паштета.
Над неа ставете парче тост кашкавал и него намачкајте го со паштета.
На крајот од парчето леб ставете од маслинките една до друга. Врвовите исечете им ги, за полесно да се спојат.
Завиткајте го парчето леб во ролат, па ставете го на парче фолија, убаво завиткајте го со фолијата и оставете го во фрижидер некој сат да се стегне.
Секое ролатче пресечете го на парчиња и декорирајте ја вашата чинија со солени работи.