Испечати

Паштета од туна

Паштета од туна

Состојки

  • 250 гр туна филе (конзерва)
  • 1/2 главица кромид
  • 1 лажиче сенф
  • 1/2 лимон (само сокот)
  • малку бибер и сол
  • 1 лажица мајонез

Подготовка

Туната не ја цедете, ставете ја во блендерот со течноста.
Ставете ги и другите состојки, само кромидот претходно исечкајте го.
Блендирајте се додека не се добие убава, мазна смеса. Ако е суво, додајте малку маслиново масло.
Служете со крекери, со препечени лепчиња, по баш вкус.