Испечати

Палачинки со пилешко и печурки

Палачинки со пилешко и печурки

Состојки

  • За палачинките
  • 1 јајце
  • 1 чаша од 250 мл млеко
  • 2 - 2,5 чаши вода
  • 400 гр брашно
  • 1/2 лажиче сол
  • 5-6 лажици масло
  • За понење - фил
  • 450 гр пилешко бело месо
  • 500 гр свежи шампињони исецкани на тенки ливчиња
  • 1-2 гранчиња магдонос
  • 1 мал морков
  • 1/2 мала главица кромид
  • по вкус сол, бибер и мешан сув зачин
  • по потреба масло и вода
  • околу 100 гр ситно рендан кашкавал
  • Прелив
  • 2 јајца
  • 200 мл павлака за готвење
  • по потреба путер и лебни трошки за мачкање на тавата

Подготовка

Подготовка на палачинките
Со миксер изматете ги јајцето, млекото, брасното солта, маслото и 1 чаша вода. Кога смесата е изедначена да нема грутчиња исклучете го миксерот и додајте ја и останатата вода за да се добие нормална смеса за палачинки. Притоа мешајте со жица.
Од добиената смеса испечите палачинки и покриени оставете ги на страна додека се спрема полнењето.
Од оваа смеса направив 12 палачинки во тава бр.26.

Подготовка на филот
Пилешкото бело месо исецкајте го на долкунести тенки парчиња. Ставете го во касеролата и додајте го ситно исецканиот морков, 4-5 лажици масло, зачините по вкус и додајте 2 чаши вода. Оставете го да се динста додека омекне и течноста испари. Потоа додајте го ситно исецканиот магдонос, измешајте и оставете да се лади.

Во друга тава со 4-5 лажици масло пропржете го кромидот исецкан на ситно. Додајте ги печурките , зачините по вкус и пржете ги додека целата течност испари.
Измешајте ги со месото и оставете ги да оладат. Потоа додајте го и кашкавалот.

Плехче за печење (20 х 35) намачкајте го со путер и посипете го со лебни трошки.
Рерната вкличете ја да се загрее на 200 степени.
На секоја палачинка на крајот ставите од филот и завиткајте ги во ролат. Редете ги во плехот една до друга додека го потрошите матријалот.
Одозгора попрскајте ги со масло и ставете ги да се печат некои 15- ина минути.

Во сад со вилушка изматете ги јајцата и павлаката за готвење.
По изминатото време извадете ги палачинките и прелијте ги со преливот.
Вратете ги да се потпечи преливот уште 10-на минути.
Покриени со фолија оставете ги да по оладат, потоа послужете ги.