Испечати

Роденденска торта со афион и чоколадо

Роденденска торта со афион и чоколадо

Состојки

  • за паниспањите
  • 3 јајца
  • 6 лажици шеќер
  • 1 пециво
  • 5 лажици брашно
  • 2 лажици афион
  • 2 лажици масло
  • 3 лажици млеко
  • за филот(црниот)
  • 200гр. млечно чоколадо
  • 3 лажици масло
  • 50мл. млеко
  • 250гр. мелени ореви
  • за филот(белиот)
  • 2 кесички пудинг од ванила
  • 2 кесички шлаг крем од ванила
  • 350мл. млеко
  • 7 лажици шеќер
  • за украсување на тортата
  • 2 кесички пудинзи од чоколадо
  • 300мл. млеко
  • 7 лажици шеќер
  • 1 кесичка шлаг од чоколадо
  • мелени ореви,рендано чоколадо

Подготовка

Уште една роденденска тортичка која брзо се прави, а и доста е вкусна.

Најпрво ги правиме паниспањите. Правиме две вакви паниспањи.
Во подлабок сад ги биеме јајцата заедно со шеќерот и кога ќе се избијат убаво го додаваме млекото (топло) и маслото и биеме се уште со миксерот. Кога сите состојки ќе се избијат убаво го исклучуваме миксерот и го додаваме брашното и пецивото и мешаме со дрвена лажица.На крај го додаваме афионот.
Паниспањите ги печиме во тркалезно тавче бр.26 обложено со хартија

За филот (црниот)најпрво го топиме чоколадото со маслото. Во подлабок сад ги ставаме оревите и ги потурваме со жешкото млеко и веднаш го додаваме чоколадо и се убаво мешаме.

За белиот фил ги вариме пудинзите со млекото го додавме шеќерот и вариме се додека не се згустат. Ги оставаме да се изладат и потоа го додаваме шлагот претходно биен според упатството од кесичката.

За подготовката на филот за украсување најпрво ги вариме пудинзите со млекото и шеќерот се додека не се згустат. Ги оставаме да се изладат и потоа го додаваме шлагот и се заедно мешаме.

Ја земаме едната паниспања ја филоваме прво со половина од белиот фил и над белиот фил го нанесуваме цел црн фил.
Ја ставаме втората паниспања го нанесуваме останатиот бел фил и на крај го ставаме филот со пудинзите и шлагот.

Најгоре наросуваме мелени ореви и рендано чоколадо.