Испечати

Видео рецепт: Чили Кон Карне

Видео рецепт: Чили Кон Карне

Состојки

  • 1 кромид
  • 3 чешниња лук
  • 150 мл. доматен сок
  • конзерва пасирани домати
  • 1 кг. мелено јунешко месо
  • 1 лажичка мелен црвен пипер
  • малку мелено каранфилче
  • црн бибер
  • малку сол
  • зачини по желба
  • 500 мл. говедски бујон
  • 2 големи компири
  • чили пиперче
  • 20 гр. темно чоколадо
  • 1 лажица густин растворен во малку вода

Фичо ќе подготви еден од најпопуларните рецепти во светот – Чили кон карне, во негова изведба, со краен резултат кој што ќе ве воодушеви.

Подготовка

Чекор 1: Во лонецот на оган ставете маслиново масло да се загрее. Додадете го исецканиот кромид и лукот. Пржете ги додека не добијат стаклест изглед. Додадете го доматниот сок и пасираните домати. Мешајте додека да се изедначи смесата и тргнете го тенџерето на страна.

Чекор 2: Во тавата за пржење ставете малку маслиново масло. Додадете го јунешкото месо. Откако убаво ќе се запржи додадете го мелениот црвен пипер, мелено каранфилче и бибер. Додадете и зачин по ваша желба.

Чекор 3: Префрлете го месото во тенџерето со доматен сос и додадете го телешкиот бујон. Поклопете со капак и гответе на средна температура околу 1 час.

Чекор 4: Додека се крчка чилито подгответе ги компирите. Измијте ги, излупете ги и исечете на половина. Печете ги на 200 степени 30 минути. Зачинете ги само со сол.

Чекор 5: Во тенџерето додадете една голема лажица густин, растворена во малку вода и ситно исецкано чили пиперче. На крај додадете темно чоколадо со минимум 70% какао. Измешајте да се растопи чоколадото и чилито е готово.

Чекор 6: Сервирајте.

СОВЕТ: Доколку сакате можете да додадете повеќе чили за попикантен вкус.