Испечати

Видео рецепт: Валентајн колачи за вљубени

Видео рецепт: Валентајн колачи за вљубени

Состојки

  • готов пандишпан
  • За КРЕМ ќе ви треба:
  • 4 белки
  • 6 лажици шеќер
  • малку рум
  • екстракт од ванила
  • 250 гр. маскарпоне
  • За ПРЕЛИВ ќе ви треба:
  • 240 гр. млечно чоколадо (може и бело)

За сите вљубени, Фичо ќе приготви вкусен кремав колач со готов пандишпан. Лесен и брз рецепт за да го изненадите партнерот, совршен дури и за оние кои се почетници во кујна.

Подготовка

Чекор 1: Од готовиот пандишпан исечете форми со модла за колачиња. Количината на колачињата и пандишпанот е по ваша желба.

Чекор 2: За кремот изматете ги белките со шеќерот и додадете рум за да го оформите вкусот. Оставете го кремот во фрижидер да се зацврсне. Извадете го од фрижидер и додадете го маскарпонето. Измешајте ги убаво да се соединат.

Чекор 3: Филувајте ги колачите: пандишпан, фил, пандишпан. Големината на колачите е по ваша желба.

Чекор 4: Растопете го чоколадото, колачите наредете ги на решетка и прелејте ги со чоколадо. Можете да користите и бело чоколадо по желба.

Чекор 5: Сервирајте!

СОВЕТ: Доколку сакате колачите можете да ги декорирате со чоколадни трошки, срциња, или по ваша желба.