Испечати

Јачменови погачици (посно)

Јачменови погачици (посно)

Состојки

  • За тесто
  • 550 мл оризово млеко
  • 800 гр бело брашно
  • 170 гр јачменово брашно
  • 5 лажици полни, палмово масло во цврста состојба
  • 2 лажички сол
  • За активирање на квасецот
  • 1 сув квасец (10 гр)
  • 5 лажички шеќер
  • 100 мл топла вода
  • 2-3 лажици брашно
  • Останати состојки
  • ким по желба и вкус
  • масло по потреба

Подготовка

Многу малку јачменово брашно оди во овој рецепт, ама толку убави, мирисни излегуваат дури и самостојно да ги јадете се вкусни или пак само макнети ги во буковец и сол. Убави се и за полнење како сендвичиња или некоја мајонез салата.

Подготовка
1. Ги мешаме состојките за активирање на квасецот и откако ќе се дуплира го ставаме во брашната.
2. Постепено додавајќи го топлото млеко замесуваме тесто од активираниот квасец, маслото, брашната и солта. Го удираме 50-тина пати од работната површина, го премачкуваме со масло и го оставаме да се дуплира, да стаса.
3. Откако ќе стаса го размесуваме на маслена површина не на брашно. Од него вадиме парчиња кои ги формираме во топчиња и ги редиме во тавче подмачкано со масло.
4. Ги премачкуваме со масло, на врвот ги засекуваме со ножици и ги оставаме да стасаат, за тоа време ја загреваме рерната на 210 степени. По вкус им ставаме ким во засекот.
5. Откако ќе се испечат т.е ќе добијат убава кафеаво - црвенкаста боја ги вадиме од рерна и повторно ги премачкуваме со масло.

Забелешка
Во 600 мл топла вода раствораме 5-6 лажици полни со оризово млеко во прав и така ја добиваме течноста за замесување на тестото. Зависи од брашното колку ќе ви треба оризово млеко за замесување. Во мојата доза во состојки е запишано колку млеко требаше за замесување.