Испечати

Кревок кекс со лешници

Кревок кекс со лешници

Состојки

  • 3 јајца
  • 3 филџани ( за кафе) шеќер
  • 2 филџани млеко
  • 1,5 филџан масло
  • 4 филџани брашно
  • 1 филџан мелен лешник
  • 1 пециво
  • глазура
  • 40гр путер
  • 60гр чоколадо

Подготовка

Значи за сите состојки се користи еден ист, среден филџан за кафе.
Во вангличка се ставаат јајцата и шеќерот и убаво со миксер се матат, смесата се додека не побели и не се стопи шеќерот.
Се исклучува миксерот и се додават маслото, млекото, брашното, лешникот и пецивото.
Убаво со шпатула се промешува и се истура смесата во мала ростер тава.
Се печи околу 30 минути на 190 степени, но сепак проверете со чепкалака.
За глазура се соединуваат маргаринот и чоколадото и се истура врз иладениот колач.
Се сече на парчиња и се сервира со кафе, чај, топло чоколадо.

Ова тесто е погодно и за торта, од оваа доза може да се испечат 3 кори во округла тава бр 26.