Испечати

Стек со сенф и кари

Стек со сенф и кари

Состојки

  • 1кг пилешки стек
  • 3-4 јајца
  • 200-250гр брашно
  • 8 лажици сенф
  • 1 лажичка црн бибер
  • 1 лажичка кари

Подготовка

Пилешкиот стек се сече и се чука да се истенчи, но не премногу околу 1см дебелина. Од како ќе се исчука се премачкува со сенф и бибер и се редат парчињата едно врз друго. Убаво е да одстои барем 1 час, но ако ви се брза може и одма да се пржи затоа што јајцата прават обвивка која го задржува вкусот во внатрешноста.
Зејтинот се загрева. Брашното се меша со карито. Секое парче стек се става прво во брашно, па во јајцата и се пржи од двете страни внимавајќи да не прегори. Вака похованиот стек има прекрасна боја и вкус.