Штрудли со тегнати кори и кисела зелка
Состојки
- Тесто
- 1 кг бело брашно тип 400
- 1 филџан масло
- 1 лажичка сол
- по потреба млака вода
- фил
- 1 голема главица кисела зелка
- 150 мл масло
Подготовка
1. Брашното, солта, маслото се ставаат во длабок сад
2. Постепено се додава млаката вода и се замесува тесто кое не треба да биде многу тврдо, но не ни меко за да се лепи по работната површина
3. Тестото се дели на 6 еднакви делови
4.Секој дел се сучи малку, во форма на круг ( како мала коричка) и се премачкува со масло од двете страни и се преветкува во најлонска фолија
5. Кога корите се готови се оставаат настрана да одстојат околу 15 мин.Просторијата треба да биде добро затоплена за да можат корите лесно да се растегнуваат
6.Секоја кора се става на чаршав на голема маса, внимателно се тегне колку што е можно да биде поголема и проѕирно тенка
7. Се одсекуваат подебелите краеви околу кората
8. Секоја кра се попрскува со масло, па со зелката насекаде убаво рамномерно да се распореди
9.Со помош на чаршафот се врти во ролна да се добие долгунеста кора како раолат
10.Со нож се сече во должина на плехот
11.Плехот се премачкува со масло и се редат корите
12. Откако ќе се наредат сите кори се попрскуваат со мало
13. Се печат на температура 220 степени околу 15 до 20 минути, а потоа се намалува температурата и уште 10 минути на 150 степени убаво да се испече корите да бидат крцкави
14. Се сечат во должина по желба.
Фил
Киселата зелка се сецка многу ситно и кратко се пропржува да испари течноста од неа. Се додава масло, може и свинсак маст ќе биде уште повкусно. Се пржи се додека убаво не биде омекната и испржена, да нема воопшто течност во неа да биде посува. Ако зелката не е доволно солена може да се додаде сол по вкус. Се остава да се олади.
Ако не сакате вкус со зелка можете да ја замените со сирење или со јаболка. Начинот на подготовка на штрудлите е ист.