Испечати

Сладолед леб

Сладолед леб

Состојки

  • 500гр сладолед(вкус по желба)
  • 180гр брашно
  • 1 пециво

Подготовка

Интересно благо, меко лепче направено од многу малку состојки и за миг е готово. Вкусот на сладоледот си го бирате по желба, јас користев сладолед од чоколадо. Сладоледот треба да се растопен(јас користев сладолед во кесичка го приготвив со млеко па имав растопен сладолед )
Се додава брашното малку по малку притоа мешајки постојано со лажицата. На почетокот ќе ви се чини дека е многу брашно, но мешајте се додека не добиете хомогена леплива смеса. Се додава и прашокот за пециво. Смесата се става во намрсен калап за векни и се печи во загреана рерна на 170степени околу 40мин(проверете со чепкалка дали е готово) Испечениот благ леб се покрива со кујнска крпа и се остава убаво да се излади пред да се сечи.Од истата смеса можете да правите и мафини но помалку време ќе ги печете.