Солен ролат со варено тесто
Состојки
- За тесто
- 100мл. вода
- 80гр. масло
- прстофат сол
- 100гр. просеано брашно
- 4 јајца
- на врв од нож пециво
- За фил
- 200гр. кисела павлака
- 200гр. пасирано, кравско бело сирење
- 150гр. крем сирење
- 40гр. мајонез
- 40гр. пропржен сусам
- 3-4 варени виршли
- по потреба, уште малку кисела павлака за однадвор
Подготовка
Малку поинаков ролат....
На оган се зоврива водата, маслото, солцата.
Штом проврие се додава брашното, наеднаш и постојано се меша - енергично.Тоа трае околу 2 мин., тестото треба да се собери како топка, а на дното од садот да има коричка. Се остава добро да се излади.
Кога ќе олади се додаваат јајцата едно по едно, убаво миксајќи со миксер, да се добие хомогена смеса. Се додава и пецивото.
Вака подготвеното тесто го распоредуваме на малку намрсена хартија за печење во правоаголна тава.Јас започнувам да го распоредувам од средина кон надворесните краеви со помош на лажица.Се распоредува во танок слој, но не премногу танко.
Се печи 20 мин. на 220 степени во загреана рерна или печите према вашата рерна.
Додека се пече ќе се формираат нерамнини, но подоцна кога ќе ја ставиме кората меѓу две влажни пацети, ќе ги снема.
Печената кора ја ставаме меѓу две влажни пацети, при што ја отстрануваме хартијата.Кога ќе олади ја виткаме во ролат со се пацетите-кујнските крпи.
Го подготвуваме филот.
Во соодветен сад ги мешаме павлаката, кравското сирење, крем сирењето, мајонезот и половина од пропржениот сусам на тава без масло.
Виршлите веќе ни се варени.
Ја отвораме кората, ја премачкуваме со филот, ги редиме виршлите и убаво стегнато виткаме во ролат.
Го виткаме во стреч фолија и го оставаме да се стегни на ладно.
Потоа премачкуваме со кисела павлака и наросуваме со преостанатиот сусам.
Сечеме на парчиња и послужуваме.
На здравје!