Испечати

Запечени шампињони со јајца

Запечени шампињони со јајца

Состојки

  • 500 гр свежи шампињони
  • 6 јајца
  • 2 гранчиња магдонос
  • 60-70 гр рендан кашкавал
  • 5-6 лажици масло
  • 2 чешниња лук
  • по вкус сол и бибер
  • по потреба путер и лебни трошки за мачкање на тавата

Подготовка

Шампињоните исчистени и измиени исечете ги на тенки ливчиња. Ставете ги во тава, малку посолете ги и оставете ги да варат додека течноста што ја пуштаат испари. Потоа додајте го лукчето исецкано и маслото и пропржете ги малку колку лукот да пушти мирис.
Тргнете ги на страна и додајте го исецканиот магдонос, сол и бибер по вкус. Оставете ги да оладат.
Рерната уклучете ја да се загрее на 200 степени.
Тава за печење (26) намачкајте ја со путер и посипете ја со презла.
Јајцата изматете ги со вилушка и измешајте ги со оладените печурки. Истурете ги во тавата и ставете ги да се запечат некои 10-15 мин, колку да се зацврстат јајцата. Извадете ги од рерната, распоредете го кашкавалот и вратете ги повторно на 2-3 мин колку да се растопи.
Послужете додека се топли со други додатоци по желба.