Слатко од круши
Состојки
- 4 кг круши
- 3 лимони
- 1,7 кг шеќер
- 1,5 литара вода
- 2 пакетчиња ванилин
Подготовка
1. Крушите се лупат и се отстрануваат семките, потоа се сецкаат на мали коцки.
2. Крушите ги ставаме во тенџере и додаваме исцедениот сок од лимон, шеќерот, ванилинот и водата, после се мешаат и се чека да зовриаат.
3. Слаткото се вари на тих оган околу еден и половина час додека на ја промени бојата и да згустнува.
4. Свареното слатко се прибира во стерилизирани тегли, кои се затвараат.
Затворените тегли се вртат на опаку и се покриваат со ќебе и така стоат додека да изладат.
Од оваа количина ми испаднаа 6 тегли.