Шарен солен кекс
Состојки
- 6 јајца
- 150 гр. брашно (12 полни лажици)
- 1/2 пециво
- 4 лажици масло
- 100 гр. искостени зелени маслинки
- 100 гр. искостени црни маслинки
- 200 гр. кашкавал
- 150 гр. пиперки од туршија
- 2 парчиња грил колбаси (а и не мора)
Подготовка
- Измешајте брашното и пецивото
- Исецкајте ги маслинките, пиперките (по можност црвени)
- Изрендајте го кашкавалот
- Излупете колбасите
- Со миксер изматете ги јајцата пенесто, додадте брашното измешано со пецивото, измешајте со миксерот да се спојат во хомогена смеса јајцата и брашното, додадете маслото, разбркајте, додадете маслинките, разбркајте и на крај додадете ги пиперките.
- Долгнавеста форма за кекси премачкајте со масло и побрашнете или постелете со хартија за печење. Истурете половина од смесата, по должина ставете двете парчиња од колбасите, залијте со остатокот од смесата.
Ставете да се пече во претходно загреана рерна на 190-200 степени се додека не добиеа фина браонкаста боја или пробајте со чачкалица.
Печен кексот извадете од модлата, ставете на решетка, покријте со крпа и оставете да се лади.
На пресек е примамливо за око, но потоа непцето ќе ви раскаже за вкусот.
Напомена
- Освен вака предложено слободно можете да ги менувате состојките, сувомеснатото да биде исецкано, да се додаде сирење, кисела краставичка, печурка, суви домати... тоа вие изберете како ќе го направите. Маслинките не би ви предложила да ги замените. Како нели сите знаеме дека за вкусови не се разговара... одберете и ставете состојки кои вие ги сакате.
Да имав во моментот свеж магдонос ќе ставев и од него, ќе беше уште подекоративен овој кекс. Се сече убаво на тенки шнити... мерак за сервирање е.