Еклери - шупливи (без маргарин)
Состојки
- тесто
- 250мл вода
- 120мл масло
- 170гр брашно
- 5 јајца
- некое зрно сол
- крем
- 750мл млеко
- 9-10 лажици шеќер
- 1 ванила
- 6 лажици густин
- 4 јајца
- глазура
- 100гр чоколадо
- 2 лажици масло
Подготовка
Рецептот е стар скоро 40 години, вака ги прави мојата мајка, вака ги правам и јас и секогаш имам прекрасни коментари од консументите.
На оган во едно тенџере се ставаат 250 мл вода и 120 мл зејтин само еден клуч да зовријат. Се трга на страна, се додава брашно и убаво се промешува за смесата да се изедначи. Додека е жешко се додаваат 5 јајца едно по едно и убаво се мати со миксер.
Се зема шприц, се полни со смесата и во плех обложен со хартија се редат форми.
Се печат 10 минути на 200 степени, а се допекуваат на 180 степени и вратата од рерната не смее да се отвора.
Фил на оган во тенџере се налеваат 750 мл млеко се додава шеќер, ванила , густин, 4 изматени јајца.Се вари на тивко се додека не се згусни филот. Се остава да се излади и повремено се меша со миксер, да не фати коричка.
Печените еклери се сечат на пола, се полнат со фил и се прелеваат со растопено чоколадо