Чајни ванилици
Состојки
- 150гр путер
- 150гр шеќер
- 3 жолчки
- 50гр исчистени бадеми
- 200гр брашно
Подготовка
Путерот и шеќерот се матат пенесто.
Се додаваат жолчките, бадемот и брашното.
Добро се замесува, да се добие мазно и меко тесто.
Се расукува кора.
Од кората се вадат со помош на калап во каква форма и сакате.
Се печат на тивок оган и кога се печени се валкаат во шеќер во прав зачинет со ванила.