Испечати

Гибаница од гужвани кори

Гибаница од гужвани кори

Состојки

  • за 500гр кори
  • 250гр кисела вода
  • 3-4 јајца
  • 250гр тврдо сирење
  • 1 пециво
  • 1 филџан масло

Подготовка

Се матат јајцата се додава киселата вода, маслото и сирењето и пецивото се прави смеса.
Се земаат две кори (затоа што се тенки), се ставаат во плех со хартија за печење до половина во плехот,  а половината надвор од плехот.
Се зема по две кори и се валаат низ смесата добро се цедат и се редат една до една лабаво во плехот.
Се повторува постапката додека има кори.
Останатат половина од корите што се под плехот се покриваат одозгора гужваните кори.
Со останатата смеса се попрскува одозгора.
Се остава 15 мин па се печи на 150степени додека убаво се зацрвени.