Фурнаринки со фил од пармезан
Состојки
- тесто
- 300 мл. млака вода
- 1 квасец
- прстофат шеќер
- 1 лажичка сол
- околу 700 гр. брашно
- 6 лажици зејтин
- фил
- 1 јајце
- 70 гр. маргарин
- 3 рамни лажици брашно
- 300 мл млеко
- 20 гр. пармезан
- 100 гр сирење
Подготовка
* Во дел од водата ставете го квасецот со 1 лажица брашно и шеќерот да стасува 10тина минути.
* Во сад замесете го тестото со останатите состојки и квасецот. Оставете го да одмори барем половина час. Загрејте ја рерната на 300 степени.
* Растопете го маргаринот. Ставете го брашното, брзо мешајте. Додајте го млекото заедно со сирењето и пармезанот и мешајте брзо додека се добие убава густа смеса.
* Поделете го тестото на четири топчиња. Намастете тепсија бр. 24. Топчето растегнете го со рака, ставете го во тепсијата, намачкајте го со јајце, попрскајте со смесата од сирење. Ставете да се пече 10тина минути (зависи до рерната).
* Истото направете го со останатите топчиња.
Наместо пармезан и сирење можете да ставите кашкавал, што имате - тоа. =)
И заборавив да напоменам, јас на моите пред да им ставам од сирењето, сосем малку ги попрскав со топена свинска маст, за да бидант помрснички. =)