Испечати

Крем чорба од брокула

Крем чорба од брокула

Состојки

  • 300 гр. пилешко месо
  • 1 помала главица кромид
  • 1-2 помали моркова
  • околу 50 гр. корен од целер
  • 1 помала главица брокула
  • по потреба вода
  • 200 мл. павлака за готвење
  • на вкус сол и зачинки

Подготовка

За во ладните денови чорбата е одлична
 
- Пилешкото месо, кромидот, морковот и целерот исецкајте на коцки.
- Брокулата одвојте ја од стеблото, а цветчињата искинете, одстранети им ја и рачката, само цветчињата.
- На оган во тавка во малку маслиново масло или путер запржете го кромидот, потоа додадете го пилешкото, морковот и целерот. Продолжете да пржите, а потоа динстајте подлевајки со малку вода се додека зеленчукот не омекне. Потоа додадете вода и оставете да проврие, сега додадете ја боркулата и оставете да се вари се додека не омекнат сите состојки.
- Откако е се сварено одвојте ги состојките и изблендирајте ги. Вратете назад во водата, додадете ја павлаката, нека врие уште малку, околу 5 минути и тргнете.
Зачинете и осолете по ваш вкус.
НАПОМЕНА
Ова е за Крем чорба, а доколку не сте љубител на крем чорбите тогаш постапката е целосно иста, со тоа што не ги блендирате состојките. Ако ви останала чорбата поретка згуснете ја така што ќе разматите 1 лажица густин во малку ладна вода, додадете кај чорбата, потоа павлаката и оставете да вари тие последните 5 минути. Секако е вкусна. Кога се зборува за оваа чорба, ние сме поделени, едни ја сакаат обична, а едни ја сакаат крем... Вие изберете,
Многу пати наместо павлака за готвење јас додавам кисела павлака... исто е вкусно...