Галактобуреко
Состојки
- 450 гр кори за баклава
- 1 литар млеко
- 4 јајца
- 70 гр шеќер
- 125 гр путер
- 70 гр гриз
- 2 кесички ванилин
- 1 лимон
- за шербет
- 400 гр шеќер
- 200 мл вода
Подготовка
1. Млекото, шеќерот, јајцата, гризот, ванилинот и изренданата кора од лимон ги зовриваме на тивок оган, непрекинато мешајки со жица за матење. Откако кремот ќе ја добие потребната густина го тргаме на страна и оставаме да се излади.
2. Шербет. Водата и шеќерот ги вариме 5 минути и оставаме да се излади.
3. Со растопениот путер ја попрскуваме тркалезна тава бр. 30 и ставаме една кора, оставајки краевите да висат надвор од тавата и попрскуваме со путер. Истата постапка ја повторуваме уште со 3 кори. Петата кора малку ја стуткуваме, ја ставаме во тавата и попрскуваме со путер. Врз неа го нанесуваме изладениот фил.
4. Преостанатите кори со нож ги сечеме со тркалезна форма со големина на дното на тавата. Со отсечените парчиња го прекриваме филот и попрскуваме со путер. Краевите на првите 4 кори ги свиткуваме кон внатрешноста и ги попрскуваме со путер. Потоа во тавата една врз друга ги редиме тркалезните кори и секоја ја попрскуваме со путер.
5. Го засекуваме галактобуреко на триаголни парчиња и ја печеме во загреана рерна околу 30 минути на 180 степени.
6. Испечената пита ја преливаме со половина од шербетот и по засеците ги сечеме на парчиња и го додаваме преостаниот шербет.
Додека се печеше питата цела куќа мирисаше многу убаво) Можеби ќе се покаже рецептот тежок, но сосема не е така, навистина брзо се готви! На здравје!