Испечати

Полнето ароматично пециво

Полнето ароматично пециво

Состојки

  • 600гр. брашно
  • 1/2 коцка свеж квасец
  • 1/2 филџан (од120мл) масло
  • 3 лажици кисела павлака
  • 1 лажичка сол
  • 1 лажичка шеќер
  • околу 250мл. топла вода
  • За полнење
  • 250гр. рикота(замена урда)
  • 1 + 1/2 лажица сецкан магдонос
  • 1 помала главица лук
  • Други состојки
  • по потреба путер
  • по потреба сусам, ленено семе
  • 1 јајце

Подготовка

Од состојките за тесто замесете средно меко, не лепливо тесто.
Оставете го да стаса.

Полнење
Измешајте ја рикотата со сецканиот магдонос и лукот поминат низ преса за лук.
Посолете по вкус.

Откако тестото ќе стаса, поделете го на 27 топчиња, така што ќе ги групирате на 9 места по 3 топчиња.

Земете едно топче и расукајте го како за кифличка.
По должината нанесете од полнењето, и завиткајте како ролат.
Направете го истото и со други 2 топчиња.
Од трите мини ролатчиња сплетете плетенка, на која потоа ќе и ги споите краевите.

Истата постапка повторете ја и со другите топчиња.

Наредете ги во плех премачкан со масло.
Премачкајте ги со разматено јајце, нанесете парчиња путер и посипете ги со сусам и ленено семе.

Печете на 200 степени, 30 минути(зависно од рерната).