Целер погачици
Состојки
- 4 јајца
- 250 мл јогурт
- 120 мл масло
- 1 кесичка прашак за пециво
- 17 лажици брашно
- 200 гр бело сирење
- прстофат сол
- 1 китка целер (зелениот дел гранчиња со листови)
- 1 кесичка ким
- за декорација-кашкавал, чајна, маслинки, краставици, моркови и се друго по желба
- 12-14 хартиени кошнички за печење
Подготовка
За сите љубители на целерот, вкусни и ароматични погачици.
1. Се матат јајцата во длабок сад.
2. Се додава јогуртот, маслото, брашното и пецивото, солта и се мати со миксер.
3. Се додава сирењето изрендано,целерот ситно насечкан и кимот се меша со лажица.Тестото треба да биде потечно.
4. Со тестото се полнат 2/3 хартиените кошнички и се редат во плах (може и во калапи или во тава или во куглоф).
5. Се печат во загреана рерна на 30 минути на 180 степени.
6. Се ладат.
7. Се декорираат по желба.