Срциња со пармезан
Состојки
- Тесто
- 100 гр пармезан
- 100 гр ладен путер
- 130 гр брашно
- 1 жолчка
- прстофат сол и бибер
- За одозгора
- 1 белка
- по потреба зачини - сусам, ленено семе, ореви, оригано, рузмарин, буковка,ким
Подготовка
Во сад ставете ги пармезанот, брашното, солта, биберот и измешајте ги. Додајте го путерот исечен на коцки и жолчката и измесите изедначено тврдо тесто.
На работна маса посипана со малку брашно развлечите кора дебела околу 5 мм и со калапче срце вадите колачи. Наредете ги во плех што не лепи или ставете хартија.
Белката разматете ја со вилушка и премачкајте ги срцињата. Одозгора посипете од зачините по ваш вкус.
Ставете ги да се печат во загреана рерна на 180 степени околу 10 минути, да добијат светло кремаста боја.
Послужете ги ладни со пиво -))