Испечати

Лења пита

Лења пита

Состојки

  • 250 гр путер
  • 4 шољи брашно
  • 1 шоља шеќер
  • 1 јајце
  • 1 кесичка прашак за пециво
  • 1шоља од 250 мл слатка павлака или млеко
  • 1 кора од еден лимон
  • Фил
  • 1кг + 500гр јаболка
  • 2 лажички цимет
  • 1 кесичка ванила
  • 3 до 4 лажици шеќер
  • 50 гр шеќер во прав за поросување

Подготовка

Можеби има многу рецепти под овој наслов, но еве уште еден, не е на одмет. Сум пробала и други начини на подготовка на овој вид на пита, но дефинитивно за мене овој е најдобар, можеби затоа што ми е од свекрвата -)

1. Путерот се бие со шеќерот
2. Се додава јајцето и ванилин шеќер и се меша
3. Се додава слатката павлака
4. Постепено се додава брашното и кората од лимон
5. Се меси тесто и се дели на два еднакви дела
6. Плехот за печење се премачкува со дебел слој од путер
7. Едната половина од тестото убаво се натапкува врз плехор на сите страни подеднакво
8. Јаболката излупени се рендаат директно врз тестото во плехот
9. Се поросува шеќерот, ванилата и циметот ( количината на шеќер може да се менува, да се намали или да се додаде во зависност од блажината на јаболката)
10. Втората половина од тестото се нанесува врз филот внимателно, може дел по дел со тапкање в рака и не треба да се притиска.
11. Се печи во загреана рерна 25 до 30 минути на 200 степени
12. Откако малку ќе олади се сечи на парчиња и се поросува со шеќер во прав. Поубава е да се јади откако другиот ден.