Испечати

Праз во земјена тава

Праз во земјена тава

Состојки

  • 500 гр свинско месо
  • 500 гр праз
  • 5-6 суви пиперки
  • 200 мл домата
  • 200 мл бело вино
  • 3 лажици маслиново масло
  • 2 лажици сув мешан зачин
  • по вкус сол
  • половина мала лажичка црн мелен бибер
  • 1 половина малалажичка зелен мелен бибер
  • 1 лажица свинска маст
  • 3 чешнина лук со сушпа

Подготовка

Подготвувањето на праз на овој начин е многу едноставно и лесно. Печењето во земјена тава го прави посебно вкусен и му се допаѓа и на оние кои не се љубители на праз.

1. Месото се сецка на мали парчиња и се запржува на масло да порумени. Jас додавм и свинска маст многу е повкусно, но и не мора, може само со масло
2. Празот се сецка на долги парчиња, се додава во месото и се меша заедно кратко да пропржи
3. Се додаваат сувите пиперки сецкани на парчиња
4. Се додава виното и се остава 10 мин да издинста
5. Се претура во земјена тава
6. Се додаваат зачините и лукот и се меша
7. На крај се прелива со доматата
8. Се затвора со капак и се става во рерна да се печи на 200 степени околу 1 час или се додека течноста не испари, но не да е многу суво. Ако сакате попечено и посуво тогаш може да остане в рерна без капак уште 10 минути.
За пикантен вкус може да се додади едно мало ситно сецкано луто пиперче.