Васина торта
Состојки
- За пандишпан
- 6 јајца
- 6 лажици шеќер
- 6 лажици мелен орев или бадем
- 6 лажици просеано брашно
- 1/2 пециво
- ситно рендана кора од 1/2 портокал
- За фил
- 250гр. мелен орев
- 125гр. врело млеко
- 4 жолчки
- 4 лажици шеќер во прав
- 1 ванила
- 100гр. чоколадо за готвење
- 200гр. путер или маргарин
- 100гр. шеќер во прав
- 1 ванила
- ситно рендана кора од 1/2 портокал
- сок од 1 портокал
- За свилен шлаг
- 4 белки
- 300гр. шеќер
- малку вода
Подготовка
Превкусната добра, стара Васина торта во облик на срце по повод роденденот на мојот сопруг.
Зададенава тема за рецепти со срце, добро ми дојде, се роди идејата за тортата...
Од срце за срце... )))
За пандишпанот јајцата ги матиме со постепено додавање на шеќерот во густа и кремаста смеса.Ги додаваме матејќи на најслаба брзина, помешани мелените ореви, брашното и пецивото. На крај кората од портокалот.
Излеваме во тркалезен калап со пречник од 28цм, намрсен и посипан со брашно или пак обложен со хартија.
Печиме 30 мин. на 180 степени во претходно загреана рерна или печите према вашата рерна.
Топлиот пандишпан го попрскуваме со малку сок од портокал.
За филот најпрво ги попаруваме оревите со млекото. Треба да добиеме густа смеса. Оставаме да се ладат.
Над пареа ги матиме жолчките со шеќерот во прав и ванилата. Кога ќе ја добијат потребната густина, го додаваме чоколадото и мешаме да се растопи. Оставаме да се излади.
Ги додаваме во попарените ореви. Убаво изедначуваме. Го додаваме сокот и кората од портокалот. Се соединува.
Пенасто се мати путерот со шеќерот во прав и ванилата. Ја додаваме претходната смеса и се уште еднаш убаво изедначуваме со миксирање.
За свилениот шлаг најпрво го ставаме шеќерот со водата да се свари во густ шербет, како за слатко. Вода колку само да го покрие шеќерот.
За тоа време ги матиме белките во цврст снег. Готовиот врел шербет во тенок млаз го додаваме матејќи во белките. Продолжуваме со матење на најсилна брзина додека шлагот не ја добие потребната цврстина и не се излади.
Финална постапка
Кората ја сечеме во облик на срце.
Го нанесуваме филот со ореви и жолчки.
Врз него свилениот шлаг.
Украсуваме.
Од остатокот од тестото обликував мали срценца. Добив 9 какви што се на фотографијата.
п.с.Украдов насмевки ... видов задоволно и среќно лице...)))
Израдувајте и вие некого!