Испечати

Мусака со кисело млеко

Мусака со кисело млеко

Состојки

  • 2 главици кромид
  • 2 моркови
  • 500 гр мелено месо
  • 1 кг. компири
  • 2 јајца
  • 3 лажици кисело млеко

Подготовка

1. Кромидот ситно се сецка и се пропржува со црвен пипер и сол.
2. Морковите се рендаат и се додаваат во кромидот.
3. Се додава меленото месо и се остава на тивко. Штом е при крај се додава филџан вода и се остава да крчка.
4. Компирите се сечат тенко и во длабок сад се мешаат со малку масло и зачини по желба.
6. Тавата за печење се премачкува и се става ред компири, па смесата со месо и вода и уште еден ред компири. Се додава половина филџан вода и покриениот сад го ставаме во рерна.
7. Добро се матат јајцата со кисело млеко и се додава сол.
8. Кога компирите се омекнати (околу половина час) се вади садот од рерна и капакот или фолијата и им се истура киселото млеко со јајца. Се остава да се потпече добро, може да се нароси и малку црвен пипер