Зелник со јајца,сирење и јогурт
Состојки
- 800гр. бело брашно
- 1 лажица сол
- 2-3 лажици масло
- млака вода по потреба
- 250гр. маргарин
- за филот
- 4-5 јајца
- 300мл. јогурт
- 400гр. дробено сирење
Подготовка
Најпрво го правиме зелникот. Во сад го просејуваме брашното, ја додаваме солта и маслото и постепено ја додаваме водата.
Месиме убаво се додека не добиеме средно меко тесто.
Тестото го делиме на два дела, еден помал и другиот поголем.
Го земаме помалиот дел и го расукуваме во тркалезна кора и целата ја премачкуваме со маргарин и ја диплиме неколку пати. Потоа ја виткме во најлонска фолија и ја оставаме во замрзнувачот околу 25 мин.
Истата постапка ја правиме и со другото тесо и него го чуваме во замрзнувач.
Кога ќе ги извадиме тестата до фрижидер пак ги расукуваме и ги премачкуваме учте еднаш со останатиот маргарин и повоторно ги враќаме во фрижидер околу 25 мин.
Во друг сад подлабок ги матиме со вилушка јајцата, го додаваме дробеното сирење и ако не ви е солено додадете и малку сол.
По изминатото време ги давиме тестата, поголемото тесто прво го расукуваме (оставете малку од краевите надвор од плехот) и го ставаме во намрсен плех. Го истураме филот и врз филот го ставаме другото тесто.
Краевите од долното тесто ги виткаме околу цел зелник го намрсуваме одозгора и печиме на 190 степени околу 35 минути.
На здравје!!!