Таратур со кисели краставички и копар
Состојки
- 1 кг. кисело млеко
- 350 гр. кисели краставички
- 1-2 чешниња лук
- 50 гр. ореви
- 1/2 китка копар
- 1 мала лажица сол
- 30 мл. масло
Подготовка
1. Киселото млеко се става во газа и цедалка и се остава во фрижидер за 24 часа за да се добие цедено кисело млеко. Побрз начин е да се стави киселото млеко во дебела крпа и да се притисне за да се исцеди дел од водата-сурутка (мене ми е многу вкусна) и потоа се остава за неколку часа во фрижидер да се доисцеди.
2. Киселите краставички се сечкаат ситно.
3. Оревите се сечкаат или мелат на не многу ситно.
4. Лукот се лупи и се ренда, а копарот се сечка.
5. Сите состојки се ставаат во еден сад и се мешаат до соединување.