Солен кекс со праз и маслинки
Состојки
- 4 јајца
- малку сол-до 1/2 лажиче, зависно од соленоста на сирењето
- 100мл.(помалку од пола шоља) масло
- 250мл.(1 шоља) јогурт
- 315гр.(2 шољи) просеано брашно
- 1 пециво
- 100гр. рендано, тврдо, кравско сирење
- 2 страка (околу 200гр.) ситно сецкан праз
- неколку сецкани црни маслинки
- малку мелен црн пипер
Подготовка
Вкусен солен, мек кекс со пријатна нишка на праз... Вкусот се чувствува, а празот одвај се забележува.Топло ви го препорачувам....)))
Јајцата се матат со малку сол. Се додава маслото, па јогуртот кој е на собна температура.Следува брашното со пецивото. Убаво се изедначува, можете со миксер на најслабо или рачна маталка, битно е да нема грутчиња од брашното. На крај се додваат останатите состојки-маслинките, сирењето, празот и црната пипер.
Се излева во намрсен калап за куглоф со масло и посипан со сусам.
Се пече на 200 степени околу 30-35 мин., (проверете со чепкалка за заби) во претходно загреана рерна.
Штом се испече се покрива со памучна пацета и така се остава да одмори малку и се вади од калапот.
На здравје!
*Ако јајцата се помали, ставам 5.
*Шољата е од 250мл..