Веган ореовки (посно)
Состојки
- 50 мл. вода од наут
- 50 гр. шеќер
- 1 голема лажица сок од лимон
- 100-130 гр. шеќер во прав
- 1 чаша јадро мелени ореви
- 1-2 големи лажици брашно
Подготовка
И повторно кога станува збор за десерти па и како цело за кулинарија, французите повторно покажаа кој е на врвот на хранителниот ланец, овој пат станува збор за нешто слично на шлаг или разматени белки од водата од варива.
За овој рецепт користев вода од варен наут која сама си ја приготвив (100 гр. наут се вари 2-3 часа и на крајт се остава малку вода 70-80 мл. која што се остава да преноќи во фрижидер заедно со зрната наут). Може да користите и вода од конзерва наут.
Фроги имаше направено ваков шлаг со вода од црвен грав.
http://moirecepti.mk/post/%D0%B2%D0%B5%D0%B3%D0%B0%D0%BD%D1%81%D0%BA%D0%B8-%D1%88%D0%BB%D0%B0%D0%B3/
Да се вратиме на рецептот
1.Во еден сад се става водата и се мати на максимална брзина додека водата ја промени бојата и стане бела и се прават меки врвови (3-5 минути).
2. Се додава шеќерот и се продолжува со матењето уште 1-2 минути и на крајот се додава лимоновиот сок, се мати до добивање на цврст снег. Ако го превртите садот над главата нема да се извалкате =).
3. На смесата се додава шеќерот во прав и се промешува.
4. Оревите се мелат не многу ситно, му се додава брашното и се промешува.
5. Смесата со оревите се додава во смесата добиена од наутената вода, се промешува и од готовата смеса се зема со лажичка и се формираат ореовките во тавичка со хартија за печење.
6. Така подготвени се ставаат во загреана рерна 140-150 степени за 7-8 минути или додека поруменат, јас ги правам така за да се напукани и да имаат порустичен вид, ако сакате да се помазни печете ги на пониска температура за подолго време.
Готовите ореовки имаат целосно ист вкус и вид како да се направени со белки од јајце, нема никаква разлика.