Пикантни солени бомбици
Состојки
- Бомбици со сусам
- 150гр фета сирење
- 100гр крем сирење
- 3 парчиња топено сирење
- 60гр рендан кашкавал
- 80гр сецкан кулен
- 1 лажиче кисела павлака
- 30гр печени, лупени кикиритки
- потпечен сусам за валкање
- Бомбици со урда
- 250 гр урда
- 80 мл кисела павлака
- 50 гр мелени ореви
- 110 гр сецкана свинска шунка
- 100 гр кашкавал
- Лут буковец за валкање
Подготовка
Многу вкусни солени бомбици кои одлично одговараат со добар аперитив и се убав украс на масата. Пробајте ги, брзо и лесно се спремаат. Во еден сад се соединуваат сите состојки, убаво се мешаат смесата да се изедначи. Се остава смесата 20 минути во фрижидер. Може да се додадат зачини по вкус. Се формираат бомбици и се валкаат во потпечен сусам.
Во еден сад се соединуваат сите состојки, убаво се мешаат да се изедначат и смесата се остава во фрижидер еден час да се стегни и да се спојат вкусовите. Потоа се формираат бомбици и се валкаат во лут буковец.