Торта срце за двајца
Состојки
- Тесто
- 1 јајце
- 100 мл. млеко
- 100 мл. масло
- прстофат сол
- 100 гр. шеќер
- 150 гр. брашно
- 1 голема лажица какао
- 1 ванила
- 1 мала лажица пециво
- кора од 1 портокал
- Фил од шумско овошје
- 1 рака мешано шумско овошје
- 2 големи лажици темен рум
- 2 големи лажици шеќер
- 50 мл. вода
- 1 голема лажица нишесте
- 1 голема лажица путер
- Чоколаден фил
- 80-100 мл. слатка павлака
- 50-60 гр. темно чоколадо
- 1 голема лажица путер
- 1 мала лажица мед
- Дополнително
- По потреба обланди и бонбони
Подготовка
Теста
1. Во еден сад се ставаат брашното, пецивото, какаото и кората на еден портокал.
2. Во друг сад се ставаат јајцето, шеќерот, солта и ванилата и се мати убаво до побелување на јајцата.
3. На смесата со јајцата се додава млекото и маслото и се промешува, се додава смесата со брашното, се мати на бавна брзина до соединување на смесата.
4. Смесата се распределува во три калапчиња за колач во форма на срце (дозата е за мал калап).
5. Се пече на 180-190 степени за 20ина минути или додека забодената чепкалка за заби е сува.
6. Тестата се оставаат да изладат целосно и потоа се филуваат.
Фил од шумско овошје
1. Шумското овошје се става во сад на оган и му се додава шеќерот, румот и 1/2 од водата и се остава да се вари 2-3 минути откако ќе започне да врие.
2. Во една чаша се става малку вода и нишестето за да се раствори.
3. Во садот со нишестето се додава од топлото шумско овошје и се меша брзо и енергично за да не се направат грутчиња.
4. Целата смеса се враќа на оган и се вари како пудинг.
5. Готовиот пудинг се тргнува од оган и му се додава путерот, се промешува до соединување. Готовиoт фил се остава да се олади.
Чоколаден фил
1. Слатката павлака се става на оган и и се додава медот, се загрева и пред да започне да врие се додава чоколадото и путерот.
2. Чоколадниот фил се остава да се поолади.
Формирање на тортата
1. Се става едниот пандишпан, се додава половина од филот со шумско овошје, врз него се става вториот пандишпан и втората половина од филот, најгоре се става третото тесто.
2. Целата торта се премачкува со чоколадниот фил.
3. Ѕидовите на тортата се обложуваат со обланди, а во центарот се ставаат бонбоните.
Забелешка
- За поголема стабилност тортата се заврзува со панделка (не е задолжително).
- Ако сакате да ја направите поголема зголемете ги дозите.