Испечати

Бисквитни чоколатца со крем банани

Бисквитни чоколатца со крем банани

Состојки

  • подлога
  • 400 мл. слатка павлака
  • 200 гр. шеќер
  • 100 гр. путер
  • 400 гр. мелени бисквити
  • фил
  • 100 мл. слатка павлака
  • 18 крем банани
  • прелив
  • 300 гр. чоколадо
  • малку млеко

Подготовка

Прво морам да признаам дека инспирација за чоколатцава добив гледајќи ги видеата на Теофанија. Па решив да направам некој микс, поточно изменив некои состојки.

- За подлогата, се загрева слатката павлака, заедно со шеќерот и путерот. Доколку павлаката почне да врие, а путерот не се истопил, тргнете ја од огинот и мешајте на страна. Потоа вратете ја на огинот и додајте ги бисквитите и мешајте додека не се добие убава смеса. Ставете ја смесата во правоаголно тавче, па во фрижидер.
- Загрејте ја слатката павлака со крем бананите, се додека не се истопи чоколадото. Оставете ја смесата да се излади, а подоцна ставете ја во сецко убаво да се изедначи. Прелијте ја врз претходната смеса. И повторно во фрижидер.
- Исечете ги на ленти (или коцки).
- Растопете го чоколадото на пареа, растворено со малку млеко и валкајте ги чоколатцата во нив.

* На мене ми излегоа 42 парченца, така што можете и да ја преполовите смесата, ама со оглед на тоа што се лапни - голтни, не би ви препорачала. =)
* Можете да ставите и помалку крем банани, јас ставив повеќе, за повеќе да се почувствува вкусот.
* Мене како што ми снемуваше чоколадо, така го разредував со млеко.
Топло ви ги препорачувам. =)